Пандев: Македонскиот фудбал е катастрофа, во ФФМ работат луѓе кои не ги интересира фудбал

Легендарниот македонски фудбалер, Горан Пандев во интервју за „Моцарт Спорт“ зборуваше за приликите во македонскиот фудбал.

Пандев го опиша македонскиот фудбал како катастрофа, вели дека нема амбиции да биде претседател на Федерацијата, но сака фудбалот да го водат добри луѓе.

„Во ФФМ работат луѓе кои не ги интересира фудбал. Бевме на Европско првенство, но ништо не искористивме од тоа, ниту маркетинг, спонзори… Кај нас се случува екипите да го откажуваат учеството во лигите на недела дена пред почетокот на сезоната. Тоа навистина е срамота. Луѓето гледаат само лични интереси. Жал ми е и се надевам дека нема пак да чекаме 30 години да се пласираме на некое натпреварување, но мислам дека со овие луѓе сме на лош пат. Условите за игра се катастрофални“, истакна Пандев.

„Немам амбиција да бидам претседател на федерацијата. Но сакам нашиот фудбал да се спаси од овие актуелни луѓе. Тоа се погрешни луѓе. Имам свој клуб во Македонија, направив спортски центар, сакам да ги вложувам своите пари и да помагам во младите категории… Но кога работиш со вакви луѓе, мораш да се тргнеш на страна. Има и други спортисти кои му мислат добро на фудбалот, но кај нас премногу е влезена политиката“, додаде Пандев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.