Пандев меѓу десетте фудбалери кои според ФИФА заслужуваат настап на Светското првенство

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА во пресрет на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар објави во вторникот листа со десет фудбалери коишто со својот квалитет заслужуваат настап на мундијалот , вклучувајќи го меѓу нив и македонскиот капитен Горан Пандев.

„Пандев сè уште импресионира во Серија А, сега во дресот на Џенова. Македонската репрезентација никогаш досега во групите не се пласира на едно од првите три места во мундијалските квалификации, но овој состав сега е полн со самодоверба по остварениот пласман на Европското првенство“, пишува ФИФА во освртот за македонскиот капитен.

Пандев со своите 37 години е вториот највозрасен на листата на ФИФА, зад Канаѓанецот 38-годишниот Атиба Хачинсон.

Десетте фудбалери, кои заслужуваат настап на мундијалот според оценката на ФИФА:

Пјер-Емерик Обамејанг (Габон) 31 година

Герет Бејл (Велс) 31

Атиба Хачинсон (Канада) 38

Ву Леи (Кина) 29

Хенрик Мхитарјан (Ерменија) 32

Јан Облак (Словенија) 28

Виржил ван Дајк (Холандија) 29

Вилфрид Заха (Брегот на слонова коска) 28

Горан Пандев (Македонија) 37

Дуван Запата (Колумбија) 29.