10.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Пандев на аеродромот во Скопје: Жал ми е што не освоивме барем еден бод

Фудбалерот со најмогу настапи во дресот на Македонија, Горан Пандев кој вчера го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, по простигнувањето во Скопје, посочи дека оваа фудбалска генерација има иднина и очекува успешни приказни во годините кои следат.

Пандев беше дочекан од навивачите кои со нетрпение очекуваа да се сликаат со фудбалска икона.

-Жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску но и далеку. Ови натпревари се тешки за играње. Имаше многу емоции, луѓето живееа со нас, жал ми е но се надевам дека оваа генерација ќе успее да постигне уште многу повеќе. За иднината, немам желба да бидам тренер, можеби ќе станам спортски директор или ќе почнам да работам со моите менаџери. Се уште немам донесено одлука.“ – изјави Пандев.

 Извор: Дриблинг.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.