Пандев: Со победа над Полска ги зголемуваме шансите за пласман на Европското првенство

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев Капитенот  со оптимизам го пречекува дуелот против Полска и најави голема борба за позитивен резултат.

„Ако ја добиеме Полска, можеме да се избориме за Европското првенство“, рече Пандев на прес-конференцијата во четвртокот.

Селекцијата на Македонија во сабота вечер со почеток од 20,45 ласто го продолжуваат со квалификациите за Европското првенство, а на арената „Тодор Проески“ се среќава со Полска којашто важи за голем фаворите во нашата група.

Пандев кажа дека во редовите на послата репрезентација играат неколку играчи кои тој ги познава од настапите во Серија А, а шест месеци играше со големото изненадување годинава во италијанскиот шампионат Криштоф Пјонтек во Џенова, кој во зимскиот преоден рок поради врвните голгетерски способности направи скап трансфер во Милан

„Добро го познавам Пјонтек, живеевме во иста зграда и секој ден одевме заедно на тренинг. Шест месеци игравме во Џенова. Се работи за добро момче, голем играч. Не се обложивме, но ако победиме, чекам да части вечера. Очекувам цврст и добар меч, оптимист сум дека можеме до добар резултат“ – вели капитенот на Македонија, Горан Пандев.