Пандев во име на целата репрезентација му посака брзо заздравување на Ериксен

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен им се заблагодари на сите за големата поддршка и потврди дека се чувствува добро по несреќата и колабирањето на натпреварот против Финска на Европското првенство.

Данската куќа на фудбалот преку моќно видео испрати нова поддршка до својот најдобар фудбалер.

На истото, желба за побрзо заздравување посакува првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, како и по еден член до секоја селекција која што настапува на Европското првенство.

„Чао Кристијан, поздрав од мое име и од името на моите колеги. Ти посакуваме што побрзо заздравување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе“, рече македонскиот капитен Пандев.