Пандев во шок по трагичнот загинување на Милошевски

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев, за познатиот спортски весник „Македонски Спорт“ изјави дека е во голем шок по трагичната вест за смртта на Петар Милошевски.

“Се разбудив подоцна поради синоќешниот настап во Португалија и не можев да поверувам. На телефонот премногу пораки и сите со иста содржина околу трагичната смрт на Петар Милошевски. Јас не можам да верувам. Сè уште сум во голем шок дека вакво нешто може да му се случи на човек како Петар. Ова е голема загуба за неговата фамилија и за неговите деца, а потоа и за македонскиот фудбал. Нека почива во мир”, изјави Пандев за “Македонски Спорт”.