Пандов: Ако имал добри намери за Македонија, бугарскиот врв немаше да отвора клуб со име „Ванчо Михајлов“, туку некоја инвестиција

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21 зборуваше за спорот со Бугарија. Тој истакна дека политичарите од нашиот сосед лажирајќи ја нивната историја, ја фалсификуваат нашата.

„Бугарските политичари лажејќи околу нивната историја, они ја фалсификуваат, така да кажам, нашата македонска историја. Они крадејќи ни ја нашата македонска историја, не постои лик во Македонија којшто е виден во последниот век-два којшто не го направија Бугарин. Таа политика водена од страна на Бугарија продуцира само поголем јаз, рече  Пандов кој додаде порача дека бугарскиот врв ако имал добри намери, немало да отвори клуб со име „Ванчо Михајлов“, туку некоја инвестиција во Македонија“, рече Пандов,

Му реплицираше на поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевскимн дека во 2017 година сите им укажале дека Договорот за добрососедство со Бугарија е штетен, што сега и се докажало како точно.

„Тоа ви го укажувавме уште таа 2017 година кога го гласавте тој Договор дека токму ова, вие прифативте… Вие изгласавте дека треба да имаме заедничка историја со Бугарија, и ви укажувавме на тоа дека е штетно. 100 луѓе ви говореа“, му се обрати Пандов на Богоевски.

Пандов, исто така, потсети дека не требаше СДСМ и Заев не требаше да го потпишат Преспанскиот договор бидејќи како што гледаме од тоа ништо не сме добиле.

„Она што е жално е дека македонскиот народ иако беше укажно и од опозицијата и од аналитичари, новинари и од кого се не, дека не треба да се менува името дека не треба да потпише тој Преспански договор, дека не треба да се потпишува и бугарскиот договор, тоа и СДСМ и Заев за жал го направија и сега ние како Македонија чекаме милостина, како дај да ги удоволиме, дај вака да направиме, дај онака да напраиме. Едноставно според мене ако вака продолжи Бугарија да се однесува, ние не треба да продолжиме“ рече Пандов.

Зборуваше и за судскиот систем кој според него е под контрола на власта. Тој истакна дека откако СДСМ е власт според судовите и обвинителството „лошите момци“ биле само од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во изминатите четири-пет години откако СДСМ е власт ние гледаме дека „лошите момци“ во Макдеонија биле само од ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна само пред неколку дена Фридом Хаус оцени дека ние сме хибриден режим и и со најниска оценка е оценето коруптвниото владеење кое што сега постои, тоа не е моја оценка, повторно ќе речам тоа е оценка на Фридом Хаус. Од тука ќе кажама дека во Македонија има многу криминал и корупција“, потенцираше Пандов и додаде дека ова што сега го прави СДСМ е понижувачки за македонскиот народ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.