Пандов: Хонорарците на Владата земале огромни суми за да пишуваат навредливи статуси за опозицијата

Списокот за хонорарци во Влада не е целиот список, неколку имиња недостигаат. Зошто? Можеби поради нивната звучност на имињата. Меѓутоа претседателот на СДММ да е ставен на паушал односно на хонорар и ние тројца да го плаќаме тука е срамота, истакна Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ при своеото гостување во емисијата „Само вистина“.

Пандов запраша далеи не е срамотно синот на Самка Ибраимоски да е дел од хонорарците во Влада.

„Најдиректно чепкале пари од Буџетот на Република Македонија, преку скриени хонорари. Син, сестра, брат на пратеници, на директори па дури и претседателот на нивната младинска организација им е на паушал ставен. Што повеќе од ова да се говори“, подвлекува Пандов.

Посочи дека единствена обврска на овие луѓе кои се на листа на хонорари им е да пишуваат статуси и да ја плукаат опозицијата.

„Која е улогата на Петрит Сарачини? Па, да го плука ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. И мене вечерва ќе ме плукаат по социјалните мрежи. Тие се ботови, и тие земаат огромни суми пари“, рече Пандов и укажа дека има и еден лик кој добил награда 100.000 денари на „МОЈ ДДВ“ и е на список да зема хонорар од Владата.

„Тоа не е случајно. Народот нафта не пие. Дури и секретарка на генералниот секратар на Владата е на списокот на хонорарците. Зема плата како секретарка и плус е ставена на паушал. Зошто?“, праша Пандов и констатираше дека тоа претставува „тотален неморал, криминал и корупција“.