Пандов: Не верувам во документот за гаранции на Заев (ВИДЕО)

„Не верувам во документот за гаранции на Заев“, изјави аналитичарот Александар Пандов во вестите на ТВ Нова.

Тој додаде дека бил изненаден од увереноста на претседателот Ѓорге Иванов дека со давањето на документ политичката криза е завршена.

„Кај мене постои огромен сомнеж дека на праг ни е создавање на албанско-соросова коалиција која што има две намери, а тоа е: прва после 2001-2002 година да се направи многу голем чекор кон албанизација на Македонија и создавање на трета албанска држава, и второто е тоа да се промени уставното име на Република Македонија како главен и основен проблем за влегување во НАТО“, истакна Пандов.

 

https://www.youtube.com/watch?v=dXJYC3gJ5Fw