Пандов: Заев гaзи преку лeшeви поради стpaвот од пораз на избори

Стравот од огромен пораз, е главната причина што Заев го тера да гази и преку лешеви. Нему му е апослутно јасно дека народот жестоко ќе го казни поради сите понижувања и газење на националното достоинство, истакнува аналитичарот Александар Пандов во интервју за Инфомакс.

-Заев знае дека срамниот договор од Нивици по кој ни беше сменто уставното име Република Македонија или пак уште пострашниот договор со Бугарија со кој им ја поклони целата македонска историја и култура, се работи за кој народот не простува. Но да е само тоа, да ве потсетам дека во моментов Македонија е прогласена за хибриден режим во кој царува корупцијата и криминалот, а вербата во македонските институции никогаш не била пониска. Бранот на кој јаваше Заев и неговите шарени #НемаПравдаНемаМир, стана за потсмев. Рекетари како Боки Тредичи и Катица станаа трејдмарк на заевата Влада. Со вакво судство и обвинителство во овие неколку години не остана патриот и родољуб во државава, а да не е на робија или со кривични пријави малтретиран на рочишта по судови, најчесто за вербален деликт, вели тој.

Пандов оценува дека странска инвестиција заборавивме како изгледа, напротив и тие што работеа сега почнаа да затвараат и да испуштаат вработени.

-Македонија никогаш не била повеќе задолжена и во поголеми долгови. Сето ова го знае Заев и верува дека во ситуација на страв кај народот за сопственото здравје и живот, многу мал број на луѓе ќе излезат на гласање. Што помалку луѓе на гласање, толку помал пораз за СДС, вели тој.

Пандов жестоко го критикуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој според него заедно со Жарко Караџовски се главните виновници за катастрофалната здравствена состојба со коронавирусот во Македонија, посочувајќи дека во нормална држава досега тие ќе беа разрешени.

Целото интервју со Пандов прочитајте го на ИНФОМАКС