Пандов: Заев прифаќа понижувања на македонскиот народ

Добро е да се потпише договор за добрососедските односи, но барањата коишто Бугарија ги има во тој договор ги погодуваат најчуствителните национални интереси на Република Македонија и на Македонците како народ, рече аналитичарот Александар Пандов кој во вестите на телевизијата Алфа се осврна на неодамнешната посета на премиерот Зоран Заев на Бугарија.

„Воопшто никој во Република Македонија нема проблем со тоа што ете господинот Заев се обидува да потпише некој договор, со Бугарија во дадениот случај за добрососедство. Тоа е практика и за другите земји, и тоа е добро, ние таков договор еднаш имаме потпишано со Бугарија, но проблемот во овој момент, околу посетата на господинот Заев и договорот којшто го најави дека ќе биде потпишан 2 август е во тајноста на договорот. Причините зошто досега не бил обновен тој договор, е зошто Бугарија има барање кон македонската држава и влада, во дадениот случај сега оваа на Заев, коишто не можат да се исполнат. Односно барања коишто реално влегуваат во најчуствителните национални интереси на Република Македонија и на Македонците како народ“, рече Пандов

Го коментираше и потегот на Заев кога се поклони пред споменикот на Цар Самоил, каде пишува дека тој е бугарски цар.

„За македонскиот народ, за македонските граѓани и за нас кои сме како луѓе растени во Македонија Цар Самоил е сѐ, не е само бугарски цар, туку е македонски цар, има свое царство се нарекува Самоилово царство. Преку таа постапка Бугарите покажуваат дека единствено нешто што имале намера во тој случај е да го понижат, да го навредат македонскиот премиер, како тој се поклонува на бугарски цар“, смета Пандов.
„Добрососедски односи да имаме, претпоставувам не само јас, секој во Македонија, ние како граѓани, како народ сме луѓе кои сакаме да имаме добри релации со луѓето, посебно со нашите соседи. Но, преку примерот на носење на премиерот на Република Македонија, во дадениот случај Зоран Заев не е отиден таму во приватна посета или како претседател на СДСМ туку како премиер на Република Македонија. Бугарија и бугарското раководство реално ако имале пријателски намери кон Заев и кон Македонија како држава, последен на којшто ќе го однесеа да се поклонува ќе беше царот Самоил. На снимката се гледа дека тој е цар на Бугарија, имаат така напишано Бугарите“, изјави Пандов.

Двата Илиндена, продолжи Пандов, се двата столба на коишто е поставена македонската држава, тие востанија, и едното и второто, ги имаат направено македонските граѓани, сите коишто живееле на територијата на македонската држава.

„Ако веќе имаат намера, тоа било европска практика, да се чествуваат заеднички празници, можеа да изберат друг, ама секако тоа не е Илинден“, рече Пандов.

„Нас подоцна нѐ посетија бугарски европратеници и пратеници кои се сега во Собранието на Бугарија, како и за нас добропознатиот Божидар Димитров, дека тоа празнување на 2 август, Илинден и тоа на Мечкин камен, го разбраа како чин во кој што се признава дека Илинденското востание припаѓа на Бугарија и дека Бугари биле тие кои што го организирале тоа Илинденско востание. За македонскиот народ, за македонската, она што е свет грал за христијаните и христијанстовото, Илинден и Мечкин Камен е светиот грал за македонската држава и македонскиот народ. Тоа е нешто кое што никако не смее да се користи за политички цели, тоа е јадрото. Двата Илиндена се двата столба на кои што е поставена македонската држава, тие востанија и едното и второто, ги имаат направено македонските граѓани, сите кои што живееле на територијата на македонската држава. Ако веќе имаат намера, тоа било европска пракса, да се чествуваат заеднички празници, можеа да изберат друг, ама секако тоа не е Илинден, изјави Пандов.

Пандов ја коментираше и изјавата на Заев за промена во учебниците по историја, тој кажа дека новиот премиер прифатил негација на Македонија како држава и на македонскиот народ.

„Кога говориме за историја, во бугарските учебници по историја, а тоа нѐ потсетија и Божидар Димитров и бугарските пратеници, они учат да биде јасно за македонската јавност, дека Македонија и Македонци не постоеле, тоа е втора бугарска држава и ние како држава и Македонците како народ се коминтерновска творба. Значи што повеќе да се влезе во негација што е Македонија и ние како македонски народ сега. Од позиција на премиер и министер, Заев и Димитров да ветуваат дека децата во Македонија ќе учат бугарска историја, тоа значи дека прифатиле тотална негација на Македонија како држава и на македонскиот народ, кој е основоположник на оваа држава“, рече Пандов.