Паничен напад: практични совети како да го совладате

Паничен напад или панично растројство, претставува ненадејна епизода на интензивно чувство на страв кое предизвикува тешки физички реакции, иако не постои реална опасност или очигледна причина.

За некој може звучи како лесно совладлив проблем, но, лицата кои се соочуваат со напади на паника го доживуваат како прилично непријатно искуство, иако се свесни дека потекнува од емоционална природа.

Најважно е да останете позитивни и да бидете трпеливи со себе. Можеби ќе ви биде потребно време, но не губете верба во себе. Ставете ги умот и телото во баланс, научете ги да работат взаемно преку повторување на секојдневни навики кои ќе ви помогнат да се справите со нападите на паника.

Исто така, важно е да се знае дека нападите на паника можат да бидат предизвикани (или влошени) од ниско на ниво на хормони во телото, а ова особено е забележано кај женската популација. Овде најчесто игра улога хормонот прогестерон, бидејќи тој опаѓа кога телото е под стрес. Прогестеронот влијае и врз серотонинот (хормонот за среќа), а ниското ниво на хормонот за среќа води кон депресија и анксиозност.

Нападите на паника не бираат возраст и пол, иако најмногу се регистрирани лица од 20 до 30 годишна возраст. Без разлика колку долго се соочувате со овој емоционален проблем, треба да знаете дека можете сами да ги искорените. Потребна ви е само упорност.

Прифатете го фактот дека во вашиот живот постојат работи од кои не сте задоволни

Како и во животот на секој човек, секогаш постои корен на анксиозност и напади на паника. Тоа може да биде незадоволство со работата, несреќна врска или незадоволство од сопственото тело. Но, паниката се јавува во одредени ситуации, кои најчесто немаат никаква врска со реалниот проблем. Дали навистина се плашите од голема група на луѓе или всушност стравувате од тоа да се најдете во ситуација каде не разбирате што се случува. Исто е и со стравот од одбивање и мислењето на околината.

Пробајте да ги надминете своите стравови и излезете од својата „Комфорна зона“

Премногу е важно ова да го совладате, бидејќи на овој начин го тренирате мозокот да ’сфати’ дека не постои ништо опасно за телото додека шетате во трговскиот центар или за време на возењето во автомобилот. Вие сте тие кои сте ги „всадиле“ во сопствениот мозок овие работи и затоа телото на нив реагира како на закана. Всушност, заканата реално не постои и вашиот ум само си игра со вашето тело. Доколку се јави некоја закана, телото ќе биде прво што ќе реагира, а претходно нема потреба да бидете уплашени за било што и без причина.

Научете ги реакциите на сопственото тело

Кога лицето доживува напад на паника, неговото тело едноставно заборава како да се врати во нормала. Нашиот мозок е убеден дека се наоѓаме во опасност и поради тоа започнува со симптоми. Кога еднаш ќе се запознаете со овие реакции, ќе можете одново да го истренирате мозокот да разбере како телото реагира во тие моменти и дека опасност сепак не постои, а со ова ќе ја елиминирате и потребата за страв и паника.

Научете го мозокот дека брзината на срцевите отчукувања варира во текот на денот

За време на паничен напад вашето срце почнува да отчукува забрзано од вообичаено, а тоа може да ве прелаже да мислите дека доживувате срцев удар. Во таква ситуација, мозокот често го „лаже“ телото да реагира уште позасилено и така почнува циклусот на нападите. Во ваков случај смирува начинот на дишење. Пробајте неколку минути длабоко да вдишете и издишете, но немојте да го практикувате ова подолго од пет минути доколку боледувате од некој вид респираторни болести.

Запишете ги вашите стравови

Именувајте ги сопствените стравови, ставете ги на хартија и детално опишете го секој од нив. Немојте ништо да прескокнувате и бидете што повеќе детални. По завршување со забелешките, читајте го она што сте го запишале, одново и одново. На почеток може да ви делува страшно и тешко тоа да го читате, но со тек на времето ќе сфатите дека тоа дури смешно звучи. Ќе ви стане јасно дека е тоа само приказна на вашиот ум и по одредено време нема да наоѓате поврзаност со тоа што го читате, а со тоа и стравовите ќе престанат. Сепак тоа се’ само мисли.

Одбегнувајте консумација на алкохол како начин да се опуштите

Лесно е да се набави алкохол, а уште полесно е да се испие. Иако алкохолот делува на опуштање на телото и мозокот, сепак е голем фактор во влошување на депресијата и нападите на паника. Ставете го на листата како проблем во справување со вашите панични напади и апстинирајте барем одреден период.