Паника после уривањето на Малезискиот авион во Украина

Малезискиот патнички авион кој летал на линијата Амстердам-Куала Лумпур се сруши вчера во источна Украина, а никој од 298-те патници не ја преживеа несреќата. Денес е пронајдена втората црна кутија, а за телата на загинатите суште се трага.

495219_malezija-avion-mh1705reutersfoto-olivia-harris_ig

Рано утринава медиумите објавија дека е закажана итна седица на Советот за безбедност на Обединетите нации, во 10 часот по локално време.

Проектилот земја водух за кој се верува дека го срушил малезискиот авион на летото МХ17, е оружје од времето на Советскиот сојуз.

Еден од лидерите на проруските бунтовници во Донбас потврдил дека тие стојат зад нападот по кој беше срушен малезискиот авион. Игор Стрелков како што му е военото име, инаку Игор Гиркен, изјавил: „Ве предупредвме да не летате над нашето небо“, стои на веб-страницата која ја користат сепаратистите, но изјавата брзо била отстранета.
Малезискиот премиер Наџиб Разак изјавил дека авионот пред падот не у патил никаков повик за помош. Тој на прес конференција во Куала Лумпур, после телефонските разговори со лидерите на Украина и Холандија, како и американскиот претседател Барак Обама, рекол дека “ќе го преврти секој камен за да се дознае што се случило со авионот“.

495224_rebelmessage_ff

Американските воздухопловни компании одлучиле да не летаат преку воздушниот простор во близина на руско украинската граница, каде што се сруши малезискиот авион, соопштила Американската воздухопловна федерација.

Спасувачките екипи ја пронашле и другата црна кутија од авионот, а на лице место се досега пронајдени 121  тела од 298 патници и членови на екипажот кои загинале.

Помеѓу жртвите има и реномирани експерти за борба против СИДА кои патувале на меѓународна конференција во Мелбурн.

10483260_10152203545845894_3302379618806286414_o