Во главниот град на Крим завладеа паника, се затвараат продавници, луѓето итно ги напуштаат своите работни места, родителите ги земаат деца од училиштата и градинките, пренесе „Обозревател“.
Целиот центар на Симферопол во моментов е исклучен. Во градот практично не работи јавниот транспорт.
„Улиците се празни, има малку лица по нив кои брзаат да завршат некои итни и важни работи и да се вратат што побрзо во своите домови, за да ги избегнат можните немири“, објавија локалните медиуми.