Панова: Ако бевме европска држава по бегството на Мијалков, Спасовски ќе си дадеше неотповиклива оставка

Во емисијата „Филибастер“ на Лидер ФМ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова која кажа дека  повеќе од јасно е со случајот со бегството на Мијалков дека институциите не функционираат и дека на граѓаните тоа им е повеќе од јасно.

Панова појасни дека ова не е прво бегство и прв случај каде луѓе кои треба да бидат осудени бегаат од земјата и дека одговорноста е кај власта. Дополнително Панова кажа дека доколку вакво нешто се случело во европска држава тогаш уште утрото одговорноста ќе биде лоцирана и одговорниот  ќе си имал дадено неотповиклива оставка.

„Ова не е прв случај за вакво бегство значи избегаа повеќе лица кои што беа обвинети од страна на некогашното СЈО денешното обвинителство значи избегаа и Бошковски и Спасовски односно  убиецот на Мартин Нешкоски. Ако бевме во некоја европска држава каде нормално функционираат институциите и носителите на јавни функции имаат одреден морал и етика по која што работат уште утрово ќе не известеше министерот за внатрешни работи дека си поднесува неотповиклива оставка“, потенцираше Панова.

Пратеничката  од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека веќе четири години на чело со СДСМ  институциите не функционираат и дека со секој изминат  ден и со секој нов случај како случајот со бегството на Мијалков  тоа е  повеќе од јасно.

„Институциите во државата не функционираат а тоа граѓаните за жал добро го знаат и бидејќи ова се случува веќе 4 години доверба од страна на граѓаните повеќе во овие институции едноставно нема. Чија е одговорност за сето тоа допрва ќе видиме меѓутоа за жал научивме дека подолг временски период одговорност за вакви случувања нема апсолутно од никого“, додае Панова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.