Ќе направам компаратива во врска со работното време во други европски земји и европски практики. Постои правна рамка во рамките на европската унија со која што се определува работното време, неделниот одмор максималното работно време и тн. Тоа е утврдено и регулирано со директива на европскиот парламент и советот на Европа. носењето на ваквиот закон кој што е денес на дневен ред со тоа што ќе се воспостави една нова пракса за 72 часовна работа, за работниците кои што ќе работат на овие стратешки проекти сметам дека прогресивното европско настроено мнозинство оди контра ЕУ регулативата“, истакна Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Панова додаде и дека Европската унија кон која што се стреми Македонија веќе има утврдена регулатива за неделно работно време а власта оди контра ЕУ регулативите.
„Заклучокот од оваа компаративна анализа е дека периодот на работното време се утврдува со закони во секоја држава меѓутоа просечното работно време на секој 7 дневен период вклучувајќи го и преку работното време не смее да го надминува периодот од 48 часа“ кажа Панова.
Панова додаде и дека Македонија се стреми кон Европската Унија а власта со злоупотреба на европското знаменце оди контра ЕУ регулативите.
„72 е поголемо, помало, или еднакво на 48, е сега Македонија се стреми кон Европската Унија а со злоупотреба на европското знаменце всушност одиме контра веќе воспоставена регулатива која што треба да ја почитуваат сите европски земји. Овој закон кажува дека постои можност за одредени злоупотреби и активности кои што прават кај граѓаните да се чувствуваат несигурно и во онака несигурна држава. Доколку продолжете со спроведување на сето ова во Македонија ќе се отвори простор за малверзации“, рече Панова.