Панова: Со неприфаќањето на СДСМ да се укине техничката влада прифаќаат дека и натаму сме заробена држава – од  ДУИ кон кои се обврзале за премиер

Во вечерашната емисија „Топ Тема” на Телма ТВ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова која што истакна дека со самото не прифаќање на СДСМ да се укине техничката влада тие прифаќаат дека и понатаму сме заробена држава и заробена држава од ДУИ што испаднало на виделина и со тоа што и покрај повиците на опозицијата не прифатиле да се укине техничката влада, заради исполнувањето на некаков претходен меѓусебен договор со ДУИ и се обврзале да имаме премиер кој што потекнува од ДУИ.

„Ние од самиот старт рековме дека Талат Џафери не ја заслужува нашата поддршка и затоа ќе се воздржиме од гласање. Ќе ги доставиме предлозите за министри во техничката влада бидејќи на тоа не обврзува законот за влада и членот 3 кој што е доста дециден и јасен и мислам дека искусните правници требаше да му го кажат тоа уште на премиерот кога излезе со став дека ќе излезе со некоја листа која ќе има празни места но сметам дека на крајот после доставувањето на нашите предлози во недела ќе стигне на дневен ред состав на влада во која што ќе ги има нашите предлози на технички министри, за кои што сметаме дека тие и те како ќе имаат инпут кон организирањето на фер и демократски избори кој што всушност претставуваат и цел на една техничка влада”, истакна Панова.

Панова посочи и дека со самото не прифаќање на СДСМ да се укине техничката влада тие прифаќаат дека и понатаму сме заробена држава и заробена држава од ДУИ што се виде и со тоа што и покрај повиците на опозицијата не прифатиле да се укине техничката влада, заради исполнувањето на некаков претходен меѓусебен договор со ДУИ и се обврзале да имаме премиер кој што потекнува од ДУИ.

„Ние ќе бидеме воздржани на владејачкото мнозинство е тоа кое што треба да ги изгласа овој состав на техничка влада бидејќи тие се тие кои што и не сакаат да се укине техничката влада или таканаречената Пржинска влада а ние таков предлог имаме дадено многу порано. Со самото не прифаќање да се укине техничката влада тие прифаќаат дека и понатаму сме заробена држава за жал би рекла и заробена држава од ДУИ тоа се виде со тоа што и покрај повиците на опозицијата не прифатија да се укине техничката влада, заради исполнувањето на некаков претходен меѓусебен договор коалициски договор со ДУИ се обврзаа да имаме премиер кој што потекнува од ДУИ”, нагласи Панова.

Панова кажа и дека досега во државата имало премногу преседани и треба да се прекине со таа пракса.

„Се научивме да гледаме многу преседани во нашата држава досега имавме многу преседани. Имавме досега еден премиер кој што не е избран од граѓаните. Еве сега ќе имаме и технички премиер од нај криминална партија”, посочи Панова.