Пановски: Арсовска покажа некултура, омаловажување и непочитување, и си замина среде совет после прашање на советник

Советникот и познат доктор, Никола Пановски, на Фејсбук ја опиша вчерашната седница на Град Скопје.

„Дали е храброст или лудост, времето ќе покаже, но како советник во Советот на Град Скопје, можам да тврдам за некултура, омаловажување и непочитување на сите советници, а со тоа и на граѓаните на Скопје од страна на Арсовска. Имено денес во 11.10 часот почна седница за советнички прашања. По обичај Данела ја немаше. Ова се случува постојано. Се предложи пауза за да се најде нејзиното височество. Се појави во 11.30 часот, без никакво извинување до 45 советници, директори на ЈП, новинари и други. Седна позади, во галеријата!!! Ова е исто како премиерот да седне во галеријата во Собрание при пратенички прашања. Кога совентникот и поставуваше прапшања на албански јазик, таа не користеше слушалки. И конечно на треиот советник кој прашува му „одговори“ со „јави се Мицкоски, кај се криеш“. Потоа замина во непознат правец и не се врати. Тоа се случува 10 месеци, конечно и локалната власт сфати каква личност им подметнала на граѓаните“, напиша Пановски.