Пановски: Комисијата за заразни болести на прес-конференцијата на 25 мај како да доби некоја наредба, ургенција од некого

223

Доктор Никола Пановски за емисијата „Топ тема“ изјави дека не е изненаден од новите бројки на заразени, туку дека ги предвидел.

„Мојата бројка беше над 200 заразени дневно, се надевам нема да се оствари. Несреќа имавме дека имаше и многу верски празници и свесно затаи контролата. Од 15-ти мај евидентно беше дека бројот расте и се знаеше каде. Не се реагираше остро кога реисот кажа дека вирусот умрел и дека ифтарските вечери не смеат да се прекинат по никоја цена. Мораа сите албанските партии да реагираат по неговата изјава“, вели Пановски.

За него, од литијата во Струга веројатно никој не е заразен бидејќи била на отворено, но тоа дало поттик за другата страна да реагира, односно „што можете вие, можеме и ние, и тоа е тоа во Македонија“.

„Таа политика ни се удри во глава и затоа на пресот на 25-ти мај, Комисијата за заразни болести како да доби некоја наредба, некоја ургенција од некого“, смета докторот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.