Можеби со 400 илјади вакцини може да е добро, ама мислам со 800 илјади би се завршила работата, рече доктор Никола Пановски на гостувањето на емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.
Според него треба да почекае да дојде летото и да помине состојбата, веројатно не целосно, ама од септемри следната година може да стартува се.
За претстојните празници тој вели дека сепак ќе треба да се биде само со најблиските без собирања.
„Доколку бидеме во овој периоддисциплинирани мислам ќе почне да паѓа број на нови случаи ако остане ист број на тестови, потоа ќе се намалува број на хоспитализирани, починати и така до кај нмарт да се смири кога ќе стартува вакцината“, рече Пановски.
Според него, немањето став и протоколи ја стави земјата на високото седмо место на светската листа според смртност на милион жители во едпидемијата на коронавирусот.