Пановски: Од прележаните има само осум починати, од вакцинираните 400!

Колку починаа од прележаните? 8. Колку починаа од комплетно вакцинираните, кои нели имаат пет ипол пати повеќе пати антитела? Околу 400. Разликата е таа.

Ова го изјави д-р Никола Пановски вечерва, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

– Имунитетот од вакцината трае 6 месеци, но исто и од прележувањето. Не велам луѓето да не се вакцинирааат и ги повикувам тоа да го сторат. Но, не може да се ограничуваат прележаните. Ниту еден од тие што прележале не се заразил повторно во првите 6 месеци – нагласи Пановски.

Прашувам зошто се зема крвна плазма само од прележаните? Зошто и вакцинираните не даваат плазма?

– Само во Македонија се ограничуваат луѓе кои вистински ја прележале болеста и имаат антитела – поентираше д-р Пановски.