Пановски: Одбив да се вакцинирам, после 20 декември немам намера да се вакцинирам за сезонски грип

Никола Пановски, епидемиолог доктор вели дека вакцините за сезонски грип доцнеле, а власта била неорганизирана во однос на набавка на вакцините, укажувајќи дека тој одбил да се вакцинира бидејќи смета дека вакцинирањето на сите се врши од 15 октомври до 15 ноември, а не на 20 декември.

-Јас да речеме лично кога ја добив на работа вакцината ја одбив бидејќи после 20 декември немам намера да се вакцинирам, бидејќи вакцинирање се правеше од 15 октомври до 15 ноември, тука ги вклучуваме и студентите и сите, рече доктор Пановски.