Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот

Според мојата пресметка Северна и Јужна Америка и Европа имаат 1.060 смртни случаи на милион, останатиот свет има 88 и тоа Азија и Африка и Австралија само 35. Македонија има пет пати поголема смртност од просекот во светот, рече микробиологот Никола Пановски на гостувањето на Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Според некое секое патување е опасно и непотребно.

„Овие што се вратија од Занзибар се заразиле по пат. Занзибар нема случаи, и има 509 лучаи од почеток на пандемија и 20 смртни случаи“, рече Пановски.

Говорејќи за пописот Пановски посочи дека истиот требаше да се одложи за мај.

„Зошто затоа што е потопло, може да се седи во двор на тераса и сите попишувачи да бидат вакцинирани“, вели Пановски.