Пантенол за здрава и хидрирана кожа во студени денови

Сувата кожа побрзо старее. Груба е, без сјај, непријатно пецка и затегнува затоа што има намалена еластичност и е склона кон брчки. Доколку не се реагира брзо, тогаш може да продолжи со црвенила и да испука. Причините може да бидат разновидни – намалено лачење на лојните жлезди, стресот, животните навики, генетиката. Во доцна есен и зима, кожата ја губи убавината поради изложеноста на студот и неправилната нега.

Пантенолот како средство за нега на кожата се користи со векови. Придобивките се бројни, но за потребата од негово користење во текот на зимата, кога на кожата и е потребна многу поголема заштита и треба да се избираат производи кои не го сушат епидермисот – површинскиот, односно главниот слој на кожата, зборува и д-р Дејан Филиповиќ, специјалист дерматовенеролог од Клиниката за дерматологија.

„Пантенолот го користиме со векови за хидратација на кожата, но и за лечење рани или други повреди на кожата, за спречување брчки, односно стареење и за давање младешки изглед на кожата. Тоа е дериват на витамин Б5, кој кога ќе се нанесе на кожата лесно навлегува во неа и влијае и на регенерација на клетките“, вели д-р Филиповиќ.

Потребата од редовна хидратација на кожата, наутро после миење на лицето и навечер пред легнување, според д-р Филиповиќ помага да се обнови кожата, која е и најголем човеков орган како прв одбранбен систем на телото.

„Пантенолот на пазарот го има како маст и крема, но сега го има и во форма на пена што го олеснува и нанесувањето на кожата. Пената е многу ефикасна и ако редовно и лесно се нанесува на телото после секое бањање, се намалува сушењето што го предизвикуваат геловите и купките што ги користиме. Тие го отстрануваат кератинскиот слој на епидермисот со што ја намалуваат бариерата и заштитата. За да се обнови таа бариера и да се освежат клетките, потребно е добра хидратација. Пантенолот го постигнува тоа и дозволен е за користење кај сите возрасти. Пантенолот го има и во човековата кожа како природна супстанца. Значи тој е хипоалерген и кај децата може да се користи уште од најмала возраст и при појава на пеленски дерматит или атописки дерматити. Пантенолот се користи и после тетовирање и депилација, бидејќи има смирувачко дејство врз црвенилото што се јавува во вакви ситуации“, вели д-р  Филиповиќ.

Пантенол 9% пена на Галеника е најновиот производ на домашниот пазар што  ја штити кожата од сушење и се нанесува лесно. Искуствено докажан и научно препорачан за сува кожа, пантенолот во студените зимски денови ја дава потребната заштита за здрава кожа. Пената ја балансира содржината на влага во кожата изложена на ветер, студ и вода, ја освежува, регенерира и ја одржува влажна и негувана. Се препорачува и за чувствителна кожа, а може да се користи пред или после туширање.

Пантенол 9% пена лесно се нанесува на површината на телото и е погоден за нега на големи делови од кожата, како и по депилација. Брзо се впива и не остава траги.

Фармацевтската компанија Галеника пред повеќе од 60 години започнала со производство на препарати на база на пантенол со витамин Б5. Денес покрај Пантенол 9% пена имаат и богат избор на Пантенол производи наменети за нега на кожата, косата, но и на усната шуплина.

Пантенол крем е наменет за нега и зачувување на правилната функција на кожата. Ја враќа природната влажност, мекост и еластичност на кожата. Се препорачува за нега по мали гребаници, после сончање, за алергиски промени, чешање, црвенило и печење, за нега на сува и груба кожа, како и за нега на кожата после бричење. Ја остава кожата мека и сензуална.

Пантенол маст ја обезбедува кожата со потребните хранливи материи и дава мазност, сјај и ја зголемува еластичноста. Се препорачува за нега после сончање, за иритации на наборите на кожата, за нега на атопична и иритирана кожа, за нега на локализирани регии на лицето и телото, како и за нега на постара, сува и уморна кожа на лицето. Ја остава кожата блескава, здрава и негувана.

Пантенол раствор е наменет за нега на коса, кожа и слузница. Се користи и за нега на кршлива и недоволно пигментирана коса и коса без сјај, како и за нега на коса третирана со фарбање, минивал или обликување при високи температури. Косата останува сјајна, хидрирана и бујна, а во исто време го храни и смирува скалпот. Растворот Пантенол се препорачува, за спречување на иритација по бричење и за нега на брада кај мажите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.