PANTHEON конференција на тема „Дигитализација 2019“

70

Компанијата „Даталаб“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ организираат PANTHEON конференција на тема „Дигитализација 2019“, која ќе се одржи на 14 мај 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел Мериот, Скопје.

Целта на конференцијата е да се истакнат актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON.

Реномирани експерти од областа ќе дискутираат на следниве теми: состојбата со дигиталната трансформација во Македонија, факторите за подигање на свесноста за дигитализацијата во различни индустрии, начините како ИКТ компаниите можат да помогнат во процесот на дигитализација, улогата на државата за стимулирање на економијата во областа на дигитализацијата, како и за дигитализацијата со PANTHEON денес и визијата за иднината.

Дел од учениците на PANTHEON конференцијата ќе бидат: Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Mорено Родман, генерален менаџер на Даталаб Технологија, Анета Антова Пешева, претседател на Управен одбор на МАСИТ, Дарјан Раденковиќ, директор за маркетинг, Браинстер, д-р Мијалче Санта, доцент на Економски факултет, УКИМ и Анита Никова, извршен директор на МАСИТ,

Целосната програма на конференцијата можете да ја погледнете на следниот линк https://www.datalab.com.mk/pantheon-konferencija-2019/programa/ .

Пријавувањето за учество на конференцијата (https://www.datalab.com.mk/pantheon-konferencija-2019 ) е бесплатно до 10.05.2019.

За организаторите на конференцијата:

Даталаб e компанија која се занимава со развој на ЕРП деловното решение PANTHEON, како и со обука и поддршка на корисниците на истото. Составена е од тим на стручњаци од различни области со големо знаење и искуство во решавање на прашањата и проблемите, кои настануваат при употребата на модерната технологија и софтверските решениа. Од 2004 година компанијата на корпоративно ниво почна да организира PANTHEON конференции, кои досега ги имаат посетено повеќе од 5000 учесници во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.