Папа

Да бидам мејнстрим со квази верните чистунци и да пишувам против папата – нема. Да имав конкретно нешто или причина освен лична себична, а како што грешникот прави да го сврти вниманието од себе дека имало и полоши од него – НЕМАМ, НЕМА И НЕМА.

Мене ми е како пиење вода лесно да се насипам некому, некоја супер моќ со која не се гордеам, ниту ми донела нешто добро во животот, па стварно немам причина ама баш никаква за такво нешто сега. Православни мои урлатори фејзсбуковски, до толку сте верни или се осечате правоверни со тоа кој повеќе ќе изблуе против поглаварот на римо – католичката црква? Дали можеби сте се запрашале како се чувствува една кутра мјка, сиромашно дете, кое е верно и се крсти и моли и папата им е духовен лидер? Дали мислите дека имате право да се нарекувате христијани со тоа што ќе се докажете на начин ако кажете и омаловажите духовен лидер на милиони низ светот.

Можеби папата си заслужува, ама вие сте познавачи? Или на јутјуб ви кажаа? Не си го поганете мозокот и устата, лоша услуга себе си правите. Нема вистински верник кој такви гадости би кажал за било кој а камо ли за духовник, ма каков и да бил.

По мене католицизмот има фабричка грешка во својот устав и некако ме мрзи да ја дебатирам, сега и овде, во емисија ја кажав и баш ми е жал што нема добар speech to text софтвер за да си ги запишам монолозите кои ми се во суштина Тв колумна.

Имам роднини, блиски, живеат во други земји, далеку одовде, по вероиспосвест се католици. Си ги честитаме празниците и како да навредувам нивни духовник? Од кај знам дали и мојот во нивни очи е исто толку опрвдан?

Дајте, да се прибереме, се причестивме за Влегиден, не си ја расипувајте благодатта. Само непричестен и домонизиран ум се занимава со такви ниски навреди. Разбирам некаква издржана критика, поткрепена со факти и такви има и западот ги води јавно и сериозно, но ова што го читам е многу примитивно.

Абе гостин ни доаѓа у двор, па не познавам човек кој со пцуење ќе го пречека, па кој и да дошол. Знам дека секој прав рисјанин, добродушен македонец ќе му отвори врата и библсики ќе го пречека. Се друго е невкус и примитивизам.

Затоа, нека му е добредојде, како за секој добронамерен, така и за него и тоа треба да ни биде животен стил, од принцип!

Секако можете да бидете вулгарни како Мадона или скроз радикални како Шинејд О’Конор, која од пусти кинења слики на папата заврши забулена и со тасма на глаата. Па атеситите покажаа повеќе домашно воспитание и култура и цивилизациски однос, барем ако ништо друго – стави го на игнор! Ама поганење и вулгарности?!?!?

Не не можам да разберам.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.