Пападимуилис: Меѓународен договор за името со надуставна сила

Потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимуилис, изјави дека најдобриот начин да се постигне решение за македонското прашање е да ја завршат Времената спогодба од 1995 година со меѓународен договор со надуставна сила. Меѓународениот договор со гаранции, како што наведува, има надуставни карактеристики и е обврзувачки.

Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор, јави дописникот
на МИА од Атина.

Најдобриот начин е со меѓународен договор со надуставна сила, со комплетни и обезбедени меѓународни гаранции како што е Лозанскиот договор (што не може никој да го смени) и ќе треба да се обезбедат две големи национални барања. Прво, сложено име, заемно прифатливо, ерга омнес, за сите употреби и второ, конечно напуштање на секаков вид на иредентизам. А иредентизмот да се замени со спогодба за пријателство и соработка меѓу двете земји, втемелена во стабилноста и неоспорувањето на постоечките граници, спогодба што ќе биде „заклучена“ во Меѓународен договор што ќе има гаранции и потпис од Европската унија, ОН итн, објасни Пападимулис.

Вели дека не е правник, но според негово мислење, кога постои меѓународен договор со гаранции, тогаш има надуставни карактеристики и е обврзувачки. Во однос на разговорите за името, Пападимулис смета дека треба да има повеќе преговори, а помалку интервјуа.

Мислам дека треба да се интензивираат консултациите, преговорите, на ниво на министри за надворешни работи, а ако биде потребно и на ниво на премиери, како што добро започна со средба Ципрас – Заев и да имаме помалку интервјуа. Преговорите преку интервјуа се помалку ефективни, отколку добро подготвени билатерални преговори на масата на дијалог, коментира Димитрис Пападимулис.

Грчките медиуми коментираат дека изјавата доаѓа „само еден ден по изјавите на Заев кој преферира меѓународен договор наместо промена на Уставот“

Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор. Според него, треба да се постигне договор за сложено име, ерга омнес, односно за севкупна употреба и да се напушти секаков вид на иредентизам, кој ќе се замени со спогодба за пријателство и соработка меѓу двете земји втемелена во меѓународен договор кој ќе има гаранции и потпис од Европската унија, и од ОН итн.