Папата: Абортусот е ужас

98

Папата Франциско го осуди абортусот, нарекувајќи го „застрашувачки симптом на културата на отфрлање„ на оние кои многу малку го ценат животот.

Католичкиот лидер истакнал дека е ужасно да се помисли на прекинување на бременоста во рана фаза.

Според Би-Би-Си, Папата, кој беше избран во март минатата година за прв пат јавно го осуди абортусот. Тој за разлика од неговите предходници, не збори многу гласно на оваа тема. Неговата осуда за абортусот тој ја напишал во своето обраќање пред дипломаите во Ватикан.

„Страшна е помислата дека има деца, жртви на абортус, кои никогаш нема да ја видат светлоста на денот“, рекол Папата, додавајќи дека денеска, не се фрла само остатокот од храна, туку има луѓе кои го фрлаат и човечкиот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.