Папата до елитата во Давос: Целото богатство искористете го за доброто на човештвото

Во пораката која што ја упатил до учесниците на Светскиот економски форум во Давос, папата Франциско побара од индустријалците и банкарите да промовираат просперитет, но ги предупредил да бидат повнимателни поради економската криза.

Папата, кој што се поистоветува со сиромашните, постојано упатува критики за капитализмот, нагласувајќи дека бизнисот извлекува големи суми од сиромашните луѓе, па дури предизвикува социјална исклученост.

„Иако подразбира и економски раст, за зголемување на еднаквоста потребно е многу повеќе“, рекол папата во својата порака.

Неднаквоста почна да се шири во 80-тите години, а вниманието го привлекла од почетокот на финансиската криза која започна во 2008-ма година. Се’ почестиот јаз меѓу богатите и сиромашните и социјалните немири се означени како најголемата светска закана се најголемите закани на Светскиот економски форум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.