Папата: Европа е уморна, треба да си се врати на корените

Поглаварот на Римокатоличката црква оцени дека Европа е „уморна“ и дека и треба помош да се врати на своите корени.

„Европа е уморна. Ги изгуби своите корени и треба да и се помогне да им се врати на нив,“ изјави папата кој во неделата го посети седиштето на редот Св. Еџидио во Рим каде се сместени сирмашни, имигранти, бездомници и хендикепирани.

Тој тоа го изјави, бидејќи слушна за судбината на Ромите, бегалците од Авганистан, една 90-годишна жена и невработен човек.

„Пружањето гостопримство и запознавање на имигранти е нешто што не подмладува,“ изјави папата.

Откако во март минатата година беше избран за папата, новиот поглавар на Римокатоличката црква за разлика од претходникот Бенедикт 16 не зборуваше многу за Европа и нејзините католички корени, потстетува агенцијата Франс прес.