Папата Франциск ќе го посети Ирак

Папата Франциск во март следната година ќе го посети Ирак, соопшти денеска Ватикан.

Предвидено е папата Франциск да посети пет ирачки градови, меѓу кои Багдад, Ербил и Мосул.

Тоа ќе биде прва посета на еден папа на Ирак.