Папата Франциск во родното место на пророкот Аврам Ур во Ирак

Папата Франциск денеска имаше историски состанок со врховниот шиитски верски лидер Али Систани, во ирачкиот свет град Наџаф, а подоцна го посети и Ур, родното место на пророкот Абрахам, каде го осуди насилството во името на Бога како „најголема богохулство“.

Меѓуверските настани, оддалечени меѓу себе околу 200 километри, едниот во прашлив град, а вториот во пустинската рамнина, ја потенцираа главната цел на ризичното патување на папата во Ирак, а тоа е да каже дека оваа земја премногу претрпе и од неа да повика на мир.

-Од ова место каде што се родила верата, од земјата на нашиот татко Аврам, да потврдиме дека Бог е милостив и дека најголемото богохулство е омразата кон нашите браќа и сестри, рече папата Франциск од Ур, родното место на пророкот.

Папата Франциско во 4000 години стариот град седеше и разговараше со лидерите на муслиманските, христијанските и јазидските заедници, и тоа пред археолошките ископувања што се состојат од станбени комплекси, храмови и палати.