Папата Франциск на затворениците им испратил 15.000 сладоледи

Во текот на едно од најтоплите лета во италијанската историја, поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на осудениците во два затвора во Рим им испратил 15.000 сладоледи, објави Светата столица.

Во цела Италија температурите ова лето беа натпросечно високи, како и впрочем на целиот европски континент. На Сицилија во август беа измерени 49 Целзиусови степени, а се верува дека станува збор за највисоката потврдена забележана температура кога и да е во западна Европа.

Во соопштението од Канцеларијата за добротворни активности на папата од вторникот се наведува дека сладоледите се испратени во затворот „Регина Коели“ на реката Тибар во центарот на италијанската престолнина и во модерниот затвор „Ребибија“, кој се наоѓа во римско предградие.

Во иметото на понтификот сладоледите ги доставил еден од најмладите папски кардинали, 57-годишниот Полјак Конрад Крајевски, задолжен за помошта за сиромашните. Тој во 2013 година по налог на папата Франциск организираше поставување пунктови за лекарска помош и одржување на хигиената за бездомниците во близина на Ватикан.

Канцеларијата за добротоврни активности на папата објави и дека Ватикан во текот на летото на населението на Мадагаскар му испратил апарат за компјутеризирана томографија вреден 600.000 долари, како и 2,37 милиони долари помош за обновување на медицински установи на три неименувани африкански земји.