Папата Франциск нема да ја предводи новогодишната литургија поради здравствени проблеми

Поради болниот ишијас, Светиот отец нема да ги предводи вечерашните или утрешните прослави, стои во соопштението издадено од шефот на канцеларијата за печатот на Светата столица, Матео Бруни.

Вечерната миса и обраќањето „Те Деум“ ќе бидат предводени од кардиналот Џовани Батиста Ре, а за светата литургија на 1-ви јануари 2021 година е најавен кардиналот Пиетро Паролин.

Во петок на 1-ви јануари, „папата Франциск, сепак, ќе го води Ангелусот од Апостолската библиотека во Ватикан, како што е закажано, објави Ватикан.

Непосредно пред Божик, двајца кардинали од опкружувањето на папата Франциск се заразиле со коронавирусот, покренувајќи нови прашања за тоа колку е заштитен 84-годишниот поглавар на Римокатоличката црква, кој ретко носи заштитна маска.

Папата е изложен на ризик бидејќи во 1957 година, на 21-годишна возраст дел од десното белодробно крило морало да му биде отстрането поради плеврит (воспаление на белите дробови), укажа неговиот биограф Остин Ајвери уште во почетокот на појавата на пандемијата на коронавирусот.

Ватикан сѐ уште не соопштува кога папата Франциск ќе се вакцинира против Covid-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.