Папата Франциск пристигна во Канада

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во неделата допатува во шестдневната посета на Канада во текот на којашто треба повторно да побара прошка за учеството на Католичката црква во злоставувањата на децата на автохтоните народи во интернатите кои ги водела во текот на цел век.

Авионот на папата во неделата претпладнето по канадско време слетал на аеродромот во Едмонтон, на западот на Канада,

„Ова е покајнички аџилак“, повтори 85-годишниот папа, во текот на летот по што ги поздрави новинарите, како што тоа редовно го прави, и покрај билките во коленото.

Едмонтон е првата од трите станици на патувањата на папата Франциск. Ќе ги посети и Квебек и Игалуит, административниот центар на територијата Нунавута, а од Канада ќе замине во петок.

Иако канадските власти знаеле за голем број деца кои умреле во таквите интернети од 1907 година, проблемот изби во прв план ми минатогодишните откритија за наводните недбележани гробови во близина на поранешните интернати. Како одговор на притисоците по овие откритија, папата Франциск се извини за улогата на Католичката црква во интернатите претходно годинава во текот на посетата на претставниците на канадските домародци на Ватикан.

Сега папата доаѓа да се извини на канадска почва, но отние кои ги преживеале насилството и лидерите на староседелечките заедници велат дека сакаат повеќе од извинување. Многумина повикаа на парична компензација, враќање на автохтоните артефакти, објавиата на записите од интернатите, поддржа за предавање на обвинет злоставувач и укинување на доктрината од XV век која го оправдува одземањето на колонијално одземање на поседите на автохтоните народи во форма на папска була или едикт.

Шестгодишната истрага над канадскиот систем од резиденцијални училишта, кој насилно ги одвојувал домародните деца од нивните семејства, утврди во 2015 година дека овој во меѓувреме укинат систем претстатвувал „културолошки геноцид“. Во минатогодишниот извештај е документирано страшно физичко насилство, потхранетост и другу ѕверства на коишто многу од 150.000 деца кои биле земани во тие интернати биле изложувани. Училипштата главно ги воделе католичката и протестантската црква во името на државните власти, од 1881 па сѐ до 1996 година.

Извештајот утврдил дека повеќе од 4.100 деца умреле во текот на престојот во резиценцијалните училишта. Се верува дека 215-те деца чиишто останки се најдени закопани под некогаш најголемиот таков интернат во Канада не се дел од таа статистика, како и дека нивната смрт останала нерегистрирана до ова откритие. Во 2008 година канадската влада официјално се извини поради споменатиот систем. Домародната заедница соопшти дека до стредината на овој јуни очекува прелиминарни резултати од истрагата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.