Папата Франциск првпат носеше маска во јавноста

44

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во вторникот првпат носеше маска во јавноста додека заедно со другите верски лидери служеше литургија за мир во светот.

Папата ја носеше маската во текот на богослужбата во римската Базилика на света Марија од небескиот олтар. Претходно зашитната маска ја носеше само во автомобилот со кој патуваше на неделните аудиенции во Ватикан.

Поради тоа, папата Франциск често беше цел на критики, особено на социјалните мрежи, бидејќи не носи маска на своите општи аудиенции и бидејќи повремено доаѓаше во релативно близок контакт со посетителите.

Осумдесет и тригодишниот папа Франциск присуствуваше на литургија со другите христијански поглавари, меѓу кои и патријархот Вартоломеј, како духувен водач на православните христијани. Џастин Велби, надбискупот од Кантерберии и духовен лидер на англиканската христијанска заедница во светот, требаше да присуствува на настаот, но беше спречен поради ограничувањата во пандемијата на коронавирусот.

Истовремено во римската градска синагога се молеа јудаистичките свештеници. Будистичките, сикиските, хиндуистичките и муслиманските верски лидери, исто така, во вторникот се молеа за мир во светот.

Овој настан беше организиран и бидејќи изминатите седмици остро се зголеми бројот на заразените лица со коронавирусот во Италија. Инаку, станува збор за годишен настан кој го започнаа покојниот папа Јован Павле Втори и римската католичка заедница Сант Егидио во 1986 година.

Коронаинфекцијата е потврдена и кај четворица припадници на ватиканската Швајцарска града, елитно и живописно униформираниот корпус кој го штити Папата.

Папата Франциск ја симна маската додека се обраќаше, како и другите верски челници, но ја врати преку устата веднаш што го заврши говорот.

На Папата инаку му е отстрането едното белодробно крило уште додека бил момче и живеел во родната Аргентина. Поради тоа понекогаш потешко дише по качување по скалила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.