Папата Франциск: Путин не сака средба, а Кирил 20 минути ми читаше изговори за војната

„Сè уште не одам во Киев. Ги испратив кардиналите Мајкл Черни и Конрад Крајевски таму. Но, чувствувам дека не морам да одам. Прво треба да одам во Москва, прво да се сретнам со Путин…Јас сум и свештеник, што да правам? Правам се што можам. Кога Путин би ја отворил вратата малку“, рече папата Франциск.
Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, папата Франциск рече дека моментално не планира да го посети Киев, но истакна и дека му предложил на рускиот претседател Владимир Путин двајцата да се сретнат.
„На првиот ден од војната му телефонирав на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Не му се јавив на Путин. Сакав да направам јасен гест што ќе го види целиот свет. Но, 20 дена по почетокот на војната, го замолив кардиналот Паролин да испрати порака до рускиот претседател и да му каже дека сум подготвен да одам во Москва. Се уште не сме добиле одговор.
„Се плашам дека Путин не може и не сака да ја одржи оваа средба во моментов. Но, толку многу бруталност, па како да не го спречиме тоа? Пред 25 години го доживеавме истото со Руанда.
Во продолжението на разговорот тој го критикуваше и патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, кој ја поддржува војната во Украина.
„Разговарав со него 40 минути преку Зум. Во првите дваесет минути ми ги читаше сите оправдувања за војната од картичката што ја држеше во рака. Го слушав и му реков: „Не разбирам ништо од ова. „Брате, ние не сме државни свештеници, не можеме да го користиме јазикот на политиката, туку јазикот на Исус“, рече Папата, пренесува Јутарњи лист.