Папата Франциск со порака до хомосексуалните свештеници

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, им се обрати на свештениците со хомосексуална наклонетост да се стават на целибат или да го напуштат свештенството.

„Мажите со длабоко вродена хомосексуална тенденција не би требало да бидат вклучени во католичкото свештенство и подобро би било за свештениците кои се активно геј да ја напуштат службата отколку да водат двоен живот“, објаснува папата Фраанциск во својата нова книга.

Тој го коментирал ова за време на ревизијата на неговата нова книга со наслов „Силата на вокацијата“ (The Strenght of Vocation) во интервјуто со шпански свештеник.

Во книгата тој ги разгледува и објаснува предизвиците со кои се соочуваат папата и калуѓерките во денешницата. Франциск во книгата, која инаку ќе биде објавена неделава, пишува дека застапеноста на хомосексуалноста во Црквата е нешто што го загрижува.

Тој вели „Прашањето околу хомосексуалноста треба да се сфати многу сериозно“, додавајќи дека „оние на кои им е дадена довербата да ги обучуваат новите свештеници мора да бидат сигурни дека кандидатите се ’човечно’ и ’емотивно’ созреани пред да им биде дадена ракоположба“.

Ова исто се однесува и на жените кои сакаат да бидат дел од религиозната заедница и да учат за калуѓерки. Во Католичката црква, свештениците, калуѓерките и монасите, сите даваат заклетва за целибат.

Црквата учи дека хомосексуалната тенденција не е грешна сама посебе, но хомосексуалниот акт е.