Папата Франциско: Не сум Супермен!

Не сакам создавање мит од папата Франциско, тој е човек кој сака да се смее, да плаче, не спие добро и има пријатели како и секој друга нормална личност, вели папата Франциско во интервју за италијанскиот „Коријере дела Сера“.

„Сакам да бидат со луѓе, заедно со оние кои патат. Не сакам идеолошки интерпретации, особено не создавање мит за папата Франциско“, вели римокатоличкиот поглавар во интервјуто по повод годишнината од неговата понтификација.

„Никогаш не ми паднало на памет ноќе да излезам од Ватикан за да ги нахранам бездомниците, како што се пишуваше“, вели папата, кој не сака да се споредува со Супермен.

„Папата е човек кој се смее, плаче, не спие добро и има пријатели како и секој друга нормална личност“, вели тој.

Папата говорел и за односот што го има со поранешниот папа Бенедикт XVI велејќи дека „тоа не е кип во музеј, туку институција“.

„Тој е дискретен, скромен, прв кој заминал во пензија, а можеби ќе има уште такви примери“.

Папата зборувал и за проблемите со кои црквата се соочува, нагласувајќи дека злоставувањето на деца од свештеници е страшно, бидејќи остава длабоки рани. Меѓутоа, говорел и општо за злоупотребата на деца и луѓе, заклучувајќи дека голем број злоупотреби се случуваат во семејството и соседството.

Особено критичен, папата бил кон глобализацијата и последиците кои денес ги чувствуваат луѓето од целиот свет поради негувањето на „култ на благосостојба“.

„Не е повеќе во центарот човекот, туку парите.“

Папата констатирал дека семејството е во голема криза, младите луѓе се разведуваат, децата страдаат. Следната Синода требало да најде одговори како црквата гледа на проблемите на семејството кои се се’ поголеми и посериозни.

Во момент кога папата Франциско влегува во втората година од седнувањето на престолот во Ватикан, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони најави  отворање на неделник кој би бил посветен на папата Франциско и неговите активности.