Папата Франциско: Не сум марксист, но не се навредувам кога ме нарекуваат така

66

Папата Франциско ги отфрли обвинувањата од страна на конзервативните Американци дека проповеда марксисзам и ги заштити критиките кон современиот капиталистички систем. Во последните неколку недели главата на римокатоличката црква остро го критикуваше последиците од современото капиталистичко уредување на голем дел од светската економија.

Во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, Папата изјавил дека не се лути ако луѓето го нарекуваат марксист и покреј неговата увереност дека марскизмот е заблуда.

„Марксистичката идеологија е погрешна. Но во животот сум сретнал многу марксисти, кои беа добри луѓе, па затоа не се чувствувам навреден“, вели тој.

Франциско, кој во средата беше прогласен за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“, вели дека неговата апостолска порака, „Радоста на добрата вест“, не вклучува ништо што не е дел од социјалната доктрина на црквата. Патем во овој документ од 224 страници Папата ги отфрла теориите со кои се претпоставува дека економскиот раст, поддржан од слободниот пазар, неизбежно ќе донесе повеќе правда и универзално добро во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.