Папата ги критикува демонстрантите против мерките: „Тие не би протестирале за жедните деца“

Папата Франциско нема разбирање за демонстрантите што се противат на рестриктивните мерки, особено на носењето маски.

За луѓето што протестираа по насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд вели дека изразиле „здрав гнев“ против расизмот.

„Некои групи протестираа, одбиваа да држат дистанца, маршираа против забраната за патување – како мерките воведени од владите да се еден вид политички напад врз личната слобода“, напиша папата во новата книга, пренесе Гардијан.

Тој го поддржа носењето маски како форма на заштита од короната.

„Истите тие луѓе што протестираа против рестриктивните мерки никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд, ниту пак би демонстрирале затоа што некаде во светот децата немаат вода за пиење, образование или поради семејствата што ги загубиле сите приходи поради пандемијата. Не, тоа нив не ги засегнува, тие не би протестирале, затоа што не се способни да излезат од својот мал свет на лични интереси“, додаде Франциско.