Папата ги осуди израелските убиства на христијанките во црква во Газа

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во неделата повторно изјави дека Израел користи „терористички“ тактики во палестинската енклава Појасот Газа, осудувајќи го убиството на две христијанки, мајка и ќерка, кои побарале засолниште во тамошната црква.

Во текот на својот седмичен благослов, папата Франциск се осврна на сопштението на ерусалимската Латинска патријашрија во врска со споменатиот инцидент кој се одигра во саботата.

Во соопштението на Патријаршијата се истакнува дека снајперист на Силите за одбрана на Државата Израел (IDF) убил две жени, коишто папата ги именуваше како Нахида Калил Андон и нејзината ќерка Самар, додека оделе кон манастирот на сестринството во парохијата на Светото семејство.

Во соопштението на Патријаршијата се додава дека во тој напад биле ранети уште седум лица коишто се обидувале да ги заштитат претходно ранетите.

„Не беше дадено предупредување, не беше дадено известување. Тие беа ладнокрвно застрелани во просториите на парохијата, каде што нема завојувани страни“, се вели во соопштението на Ерусалимската латинска патријаршија.

„И натаму примам многу сериозни и болни вести од Газа., Невооружени цивилни објекти се цел на бомбардирања и пукања. А ова се случи дури и во комплексот на парохијата Светото семејство, каде што нема терористи, туку само семејства, деца, болни и немоќни, сестри (монахињи)“, рече папата Франциск.

Папата рече во неделата дека ги убиле снајперити и се осврна на соопштението на Патријаршијата дека манастирот на игумениите од монашкиот ред кој го основала Мајка Терезе бил оштетен во израелско тенковско гранатирање.

„Некои би рекле ‘Војна е, Тоа е тероризам’. Да тоа е војна.Тоа е тероризам“, рече папата.

Ова е вторпат за помалку oд еден месер папата Франциск да го употренува терминот тероризам додека зборува за настаните во палестинската енклава Појасот Газа.

Европските групи го критикиуваат папата Франциск поради минатомесечните коментари за тероризмот кој го припиша на израелската страна.