Папата ја прифати оставката на надбискупот на Вашингтон

Папата Франциск ја прифати оставката на кардиналот Доналд Верл од позицијата надбискуп на  Вашингтон, откако ја изгуби поддршката на голем број луѓе во неговата пастирска заедница поради вмешаност во два големи скандали поврзани со сексуално злоставување и прикривање на тој криминал.

Во изјавата од Ватикан се наведува дека Франциск ја прифатил оставката на Верл, но не се споменува кој ќе го замени, објави АП.

Верл (77), кој беше бискуп на Питсбург од 1988 до 2006 година, е критикуван за начинот на кој постапувал во случаи на сексуална злоупотреба.

Тој, сепак, ќе ја задржи титулата кардинал, додава Ројтерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.