Папата одби да го прими Расел Кроу

Холивудскиот актер Расел Кроу во изминатите денови се обидел да го убеди римокатоличкиот поглавар да се сретнат за да му го претстави својот нов филм „Ное“, но папата останал глув на неговата молба.

Кроу аудиенцијата ја побарал преку „Твитер“, порачувајќи му на папата дека остварувањето на Дарен Аронофски за библиската поплава е „фасцинантно“.

Окружувањето на папата, сепак, не сметало дека треба да одговори на барањето на актерот, стравувајќи дека неговото доаѓање во Ватикан ќе се претвори во медиумски спектакл.

Тоа е лоша вест за продуцентите на кои една таква средба ќе им оди во прилог, посебно бидејќи американското христијанско лоби води кампања против филмот, сметајќи дека пророкот е прикажан како премногу „мрачен“.

Останува нејасно дали папата Франциско го гледал или ќе го види филмот пред 28-ми март, кога ќе почне да се прикажува во кината низ Италија.

Филмот, кој е претставен не како адаптација на библиската приказна, туку како „слободна интерпретација“ е забранет во неколку исламски земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.