Папата побара помош во борбата против ѓаволот

Ѓаволот е жив и здрав и работи прекувремено за да ја поткопа Католичката црква, рече папата Франциск и ги повика сите католици во светот на посебна, заедничка молитва за да го победат.

Црквата треба да се спаси од нападот на малициозниот, големиот обвинител, а во исто време да биде посвесна од било кога за својата вина, грешки и злоставувања на потчинетите во сегашноста и во минатото, напишал папата во порака од 29 септември.

Откако стана папа во 2013 година, Франциск даде до знаење дека верува во постоењето на ѓаволот.

Не смееме да размислуваме за ѓаволот како мит, приказ, симбол, живописен израз или идеја. Таа грешка би не довела до помала претпазливост, безгрижност и поголема ранливост, пишува папата.

Франциск затоа побара од католиците во текот на октомври секојдневно да молат на бројаница и молитвата да ја заклучат со молитва за Светиот Михаил која била читана на мисите до 1964 година.