Папата порача во Ирак да замолкне оружјето

Да замолчи оружјето, порача поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кусо по пристигнувањето во Ирак, првата посета на некој папа на оваа земја последните децении разорена од војните, поздравувајќи ги христијаните кои и покрај се останаа во оваа земја.

Под голема заштите и движејќи се со маса поради пандемијата на Covid-19, 84-годишниот папа Франциск пристигна како „аџија на мирот“ за да ја утеши една од најстарите христијански заедници во историјата, растурена од насилствата и сиромаштијата.

Во текот на престокот, кој ќе заврши во понеделник по изминати 1.455 километри, најмногу во воздух поради избегнувањето на областите во кои се базите на џихадистите, папата Франциск ќе подаде рака на муслиманите на средата со големиот ајатолах 90-годишниот Али Систани, највисокиот авторитет на мнозиннските шиити во Ирак и во светот

 

Доста беше насилства

„Доста беше наслиство, екстремизам, нетолеранција“, порача папата кој ја критикуваше и корупцијата поради која стотици илјади Ирачани протестираа со месеци кон крајот на 2019 година. Папата и тогаш ги повика властите во Ирак да запрат со репресијата над младите кои бараат правда. Потребно е дека се „воспостави правдата“, рече Папата.

Покрај тоа папата Франциск порача и дека „ниој не треба да биде сметан за граѓанин од втор ред“, особено не христијаните кои во овој момент сочинуваат само 1 отсто од населението во Ирак, ниту јазидите, етно-конфесионално малцинство врз кое ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава спроведе погром убивајќи илјадници мажи а илјадници жени ги направи во свои робинки.

Папата ги осуди и „неразумните и нехумани варварства“ изврешни во Ирак, древната Месопотамија, „колепката на цивилизацијата“.

Потсети на „многу старото присуство на христијаните во оваа земја“, каде што според традицијата е роден Абрахам, заземајќи се за „нивно учество во јавниот живот“ како „граѓани кои уживаат целосни права, слободи и одговорност“.

 

Храмот на мачениците

По политичката етапа од посетата, следи духовната мисија на папата Франциск, којашто исто така привлекува големо внимание.

Програмата е амбициозна, ќе започне со молитвата во соборниот храм на „Богородица од Вечното Спасение“, кон крајот на денот. Црквата се наоѓа во центарот на ирачката престолнина Багада на празникот Сите свети во 2010 година беше сцена на најкрвавиот напад врз христијаните во Ирак кога беа убиени 53 луѓе.

Потоа Папата ќе ги посети Наџаф, Ур, Ербил, Мосул и Каракош, со силни безбедносни мерки. Во сите овие градови Франциск ќе биде пречекан од само неколку лица, освен на литургијата во неделата на стадиот во Ербил, главниот град на автономната покраина Курдистан, каде што се очекуваат неколку илјади верници.

Ирачките христијани се жалат, освен на безбедносните и на економските проблеми, како и на дискриминацијата и слабата помош од владата при враќањето во нивните домови и земјиштата кои им се често одземани од локалните милиции, понекогаш и од христијанската, и од лица блиски на политиката.

Подадена рака кон шиитите

И покрај тоа, папата Франциск ги повикува христијаните да остана или да се вратат во Ирак. Во оваа земја во моментот ги има 400.000, наспорти 1,5 милиони пред дваесет години пред американската инвазија.

Според хуманитарно-верските фондации, во своите домови во северен Ирак се вратиле само 36.000 од 102.000 христинани кои беа протерани од оваа област. Третина од ирачките христијани планираат да ја напуштат земјата до 2024 година, поради ставувањата од милициите и дискриминацијата, како и поради корупцијата и невработеноста.

Историскиот момент ќе се случи во саботата кога папата Франциск во светиот шиитски град Наџаф ќе се сретне со 90-годишниот голем ајатолах Али Систани, кој никогаш не се појавува во јавноста и многу ретко прима посети.

Папата ќе учествива и на молитвата во Ур, заедно со шиитските, сунитските, језидските и сабејските достоинственици.