Папата во Канада бараше прошка за „злото“ сторено над домородците

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, побара „прошка за злостор сторено“ над домородното население на Канада, во прв ред во интернатите за индијанските деца со кои управувала црквата и изрази жалење поради тоа што некои нејзини членови „учествувале“ во политиката на „уништување на културата“ на автохтоните народи.

„Жалам. Молам за прошка“, рече папата пред илјадници автохтони жители на Масквакис, на западот на Канада. Зборувајќи за „разорната грешка“, Франциск ја призна одговорноста на некои членови на Каталичката црква во о=тој состав во кој „децата трпеле физички, вербално, психичко и духовно злоставување“. Зборовите на папата преведени на англиски биле дочекани со бурни аплаузи, пренесуваат медиумите.

Папата Франциск трипати со „чувство на срам и јасно побара прошка“ во првиот долго очекуван говор кој го одржа на шпански јазик на местото на некогашниот интернат во Ерминескин, во присуство на бројни преживеани и припадници на домородните заедници – Првите народи, Метиси и Инуити, пренесува AFP.

„Местото на коешто сме сега, прави во мене да се разлее болен крик, придушен крик кој ме следи последните месеци“, истакнал папата споменувајќи ги „траумите“ кои ги носат генерации на „првите жители“ и „раните кои сѐ уште крварат“.

Ова насилство, кое истражната комисија го оцени како „културен геноцид“ зафатил бројни генерации на домородните народи, особено по откривањето на илјадници анонимни осанки минатата 2021 година.

„Политиката на асимилација завршила со системско маргинализирање на автохтоните народи (…) Вашиот јазик и вашата култура се негирани и уништувани, Сеќавањето на разорното искуство кои се случувало во резиденцијалните училишта нѐ погодува, нѐ огорчува и боли, но тоа е неопходно“, изјавил Папата.

Истакнувајќи дека треба да се „негува сеќавањето, аргентискиот папа кој во неделата допатува во шестдневна посета на Канада, рекол дека „барањето прошка не е крајот“, туку „само првиот чекор на патот за заздравување“.

Иако канадските власти знаеле за голем број деца кои умреле во таквите интернети од 1907 година, проблемот изби во прв план по минатогодишните откритија за наводните неодбележани гробови во близина на поранешните интернати. Како одговор на притисоците по овие откритија, папата Франциск се извини за улогата на Католичката црква во интернатите претходно годинава во текот на посетата на претставниците на канадските домародци на Ватикан.

Сега папата допатува да се извини на канадска почва, но оние кои ги преживеале насилството и лидерите на староседелечките заедници велат дека сакаат повеќе од извинување. Многумина повикаа на парична компензација, враќање на автохтоните артефакти, објавување на записите од интернатите, поддршка за предавање на обвинет злоставувач и укинување на доктрината од XV век која го оправдува колонијалното одземање на поседите на автохтоните народи во форма на папска була или едикт.

Шестгодишната истрага над канадскиот систем од резиденцијални училишта, кој насилно ги одвојувал домародните деца од нивните семејства, утврди во 2015 година дека овој во меѓувреме укинат систем претстатвувал „културолошки геноцид“. Во минатогодишниот извештај е документирано страшно физичко насилство, потхранетост и другу ѕверства на коишто многу од 150.000 деца кои биле земани во тие интернати биле изложувани. Училиштата главно ги воделе католичката и протестантската црква во името на државните власти, од 1881 па сѐ до 1996 година.

Извештајот утврдил дека повеќе од 6.000 деца умреле во текот на престојот во резиценцијалните училишта. Се верува дека 215-те деца чиишто останки се најдени закопани под некогаш најголемиот таков интернат во Канада не се дел од таа статистика, како и дека нивната смрт останала нерегистрирана до ова откритие. Во 2008 година канадската влада официјално се извини поради споменатиот систем. Домародната заедница соопшти дека до стредината на овој јуни очекува прелиминарни резултати од истрагата.