Папата во Скопје топ тема во светот- Посетата во живо и на „Ватикан њуз”

Сите активности од посетата на папата Франциск на земјава денеска во живо, како и со текст и фотографии ги пренесува Ватикан њуз, официјалната медија мрежа на Светата столица.

Информациите се објавуваат и на македонски јазик, а преносот оди и на Јутјуб каналот на Ватикан њуз.

Посетата на папата предизвика голем интерес и кај многу странски медиуми.

Над 300 новинарски екипи се акредитирани да ја следат посетата на папата Франциск и за нив е обезбеден медија центар со тв студио, како и простор за известување на сите активности на Папата.