Папата задолжил италијански кардинал за мировна мисија во Украина

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск го задолжил кардиналот Матео Ѕупи, челник на Италијанската бискупска конференција, за мировна мисија во обидот да се стави крај на војната во Украина, објави Ватикан во саботата.

Папата Франциск првпат загадочно спомена за намерата да започне мировна мисија кога во април се враќаше од патувањето во Унгарија, но тогаш пред новинарите не ги откри поединостите од планот.

Ватикански дипломатски извор за Reuters рекол дека 67-годишниот кардинал Матео Марија Ѕупи одвоено ќе се сретне со украинскиот претседател Володомир Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин.

Ватикан во соопштението наведува дека кардиналот Ѕупи ќе ја извршува мисијата во согласност со Државниот секретаријат на Светата столица „за да помогне да се намали напнатоста во судирот во Украина во надеждта на Светиот отец, од кои никогаш не се откажа, дека тоа би можело да покрене мировен процес“.

На 30-ти април во текот на летот при враќањето од Унгарија папата за новинарите даде интригантен но збунувачко коментар на прашањето дали Ватикан е вклучен во мисијата на обидите да се запре војната.

„Сега во тек е мисија, но сѐ уште не е јавна. Кога ќе биде јавна, ќе ја откријам“, рече тогаш папата Франциск за новинарите.

Ватикан во саботата соопшти дека времето и поединостите од мисијата сѐ уште се разработуваат.

Неодамна државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, изјави дека „сега е моментот за преземање иницијатива за создавање праведен мир во Украина“.

Меѓутоа, Зеленски, кој со папата се сретна во Ватикан минатата сабота, со својата изјава изгледаше дека ги намали можноста од папското посредување.

„Со должното почитува на Неговата светост, не нѝ се потребни посредници, потребен ни е праведен мир… Путин самоубива. Не ни е потребно посредување со него“, рече пред седум дена Зеленски за италијанската телевизија RAI.

Зеленски тогаш во италијанските медиуми беше критикуван поради непочитување на ниеден кодекс при престој во Ватикан и средба со папата.

Во соопштението на Ватикан по посетата на Зеленски не се споменуваше никаква мировна мисија, а украинскиот претседател рече дека од папата Франциск барал да го поддржи мировниот план на Киев, кој повикува на обновување на територијалниот интегритет од пред 2014 година, повлекување на руските трупи и опремата и прекин на непријателствата.

Москва го отфрли таквиот план на Киев, западните земји бараат од другите држави кои одржуваат врски со Русија, во прв ред Кина, Индија и Бразил, да ја примораат руската страна да го прифати тој мировен план. А, се чини, дека и иницијативата на Ватикан има цел првенствено да се одоброволи Москва да отстапи од некои од своите цели од „специјалната воена операција“ во Украина објавени од нејзиниот почеток на ланскиот 24-ти февруари.

Кардиналот Ѕупи потекнува од Заедницата на свети Евгидиј, група за мир и правда чие седиште е во Рим. Оваа заедница во 1992 година посредуваше во преговорите за запирање на граѓанската војна во Мозамбик во која загинаа милион луѓе а околу четири милиони беа раселени.

Матео Ѕупи, кого папата Франциск во 2019 година го произведе во кардинал, минатата 2022 година беше избран за претседател на Италијанската бискупска конференција.

Во 2003 година папата Јован Павле Втори испрати претставници на високо ниво во Вашингтон и во Багдад во тогаш неуспешниот обид да го спречи почетокот на американската инвазија врз Ирак.