Папазов: Кочанчани ја казнија власта и јасно се изразија за промени, приклучете се сите на промените да создадеме нова иднина за Кочани

265

Дозволете ми да изразам благодарност за големата поддршка и довербата што ми ја укажавте во првиот круг на локалните избори. Го поздравувам демократскиот амбиент во кој што помина изборниот ден, со исклучок на определени поединечни случаи. Граѓаните јасно ја демонстрираа определбата за промени во целата држава и ги казнија погрешните политики на Заев и СДСМ. Таквиот бран го зафати и Кочани, власта го загуби мнозинството на локално ниво за 4.000 гласа, изјави денеска за медиумите, Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани.

Ги повика граѓаните слободно и одлучно да се приклучат на промените кои што неминовно следуваат и заедно обединети и сплотени да создадат нова иднина, каква што Кочани заслужува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.